Поради овој „шамар со нога“ UFC фајтерот му се налути на Жан-Клод Ван Дам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Минатиот месец на порталите за боречки вештини се појави веста за „инцидент“ на тренингот со познатиот актер во главна улога. Жан-Клод Ван Дам гостуваше кај тимот на Alpha Male и со фајтерите испроба некои техники и удари.

Бившиот UFC првак во бантам-категорија, Коди Гарбрант, кој во ноември го загуби шампионскиот појас од Т.Џ. Дејлшо, за време на една демонстрација „си го доби по забите“ од легендарниот актер кој кик-боксот го прослави на филмското платно.

А сега се појави и снимка од тој инцидент, поради кој Гарбрант, наводно, многу се налутил. Актерот му се извинил на UFC фајтерот, но тоа не помогнало премногу.

„Си помислив – кој курац? Проклето ме удри точно по заби, си помислив, каков шупак. Бев многу лут, експлодирав во себеси. Го погледнав Роб, па погледнав кон Жан-Клод и му реков на Роб да го држи тој серко подалеку од мене. Ме удри по забите. Ме удри по забите, а само се зезавме. Колку само пати меѓу себе сме се удирале, но во последен момент го запираш ударот. Овој лик едноставно ме удри по забите. Не сакам да лажам, има ебено брзи удари со нога, но идејата беше да ми ги покаже тие удари, а не да ме удри. Полудев, ми се стемни пред очи“, изјави Гарбрант во една прилика, а пренесе Fightsite.

На крајот, сепак, го прифати извинувањето за вечерата за помирување која Урија Фабер ја спреми за својот тим.

„Така е како што е. На крајот се гушнавме и тоа беше добро искуство со Жан. Има добри удари со нога, не можам да лажам“, изјави Гарбрант.