Немојте да игнорирате: Ако овие знаци ви се случуваат за време на секс со партнерот, веројатно сте во врска со погрешна особа!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако љубовта, довербата и почитта се едни од најважните работи во секоја врска, никако не смеете да ја заборавите страста и сексуалната привлечност. Во оваа статија напишавме кои знаци ќе ве предупредат доколку водите љубов со погрешна личност.

Повеќе размислувате за другите отколку за партнерот
Да, сосема е нормално да ви е згоден некој пејач или актер, но ако многу време поминувате во размислување за другиот, тоа не е добар знак.

Не ве привлекува доволно
Ако со некој имате сексуална поврзаност, тогаш таа личност ве привлекува апсолутно на секој начин, односно интелектуално, физички и сексуално. Ако тоа со твојот партнер не е така, тоа значи дека не ви се допаѓа доволно.

Зборува непримерни коментари
Ако поради партнерот се чувствувате неудобно во сопственото тело, време е да прекинете, бидејќи неубавите коментари не се добредојдени од никој.

Се плашете да му кажете што ви се допаѓа, а што не
Како во врската, така и во сексот комуникацијата е доста важна. Ако се плашите да му кажете што не ви одговара, тогаш тоа е доста лош знак.

Едвај чекате сексот да заврши
Секако не сме секогаш расположени за секс и понекогаш во главата ни се плеткаат други работи па неможеме да се опуштеме до крај, но ако со него не уживате, тоа е огромен проблем.

После сексот се чувстувате чудно
Сексот е одличен начин за да ја намалете напнатоста и стресот, а во текот на сексот во нашето тело се лачат хормони на среќа и задоволство. Ако вие не се чувстувате добро после сексот, тогаш жалам, ама тој не е за вас.

Одбива да користи кондоми
Апсолутно не смее никој да ви рече или да ве наговара на нешто што вие не сакате да го направите. Ако за вас сексот без кондом не доаѓа во предвид, а тој се однесува неморално, слободно поздравете се со него.

Неговите допири ви сметаат вас
Ви се случило некогаш да се тргнете кога ќе посака да ве допри или тоа го правите несвесно? Вашето тело се обидува да ви каже нешто..

Не ве почитува доволно
Независно од тоа колку време сте во врска или брак, почитувањето треба да биде секогаш и тоа на прво место. Се разбира зборуваме за взаемно почитување.

Сексот е досаден и не воопшто возбудлив
Овде всушност немора ништо да додаваме..