Антиќ: Ова раководство лечи комплекси, додека не си замине, не играм за Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најтрофејниот македонски кошаркар, Перо Антиќ во интервју за српските медиуми остро го нападна раководството на МКФ и откри зошто и до кога нема да игра за Македонија.

Антиќ за српски „Спортклуб“ изјави дека има шанси повторно да го облече „црвено-жолтиот“ дрес, но само доколку дојде до смена на раководството во Федерацијата.

„Да почекаме и да видиме што ќе се случи со раководството. Доколку остане истото раководство, јас воопшто нема да размислувам за враќање во националниот дрес. Иако станува збор за играње за својата земја, ова раководство само чека да направи некои проблеми, и да ги лечи своите комплекси. Тие ја уништија хемијата што ја красеше македонската репрезентација, па затоа засега е статус кво“, меѓудругото открива Антиќ.

Антиќ позади себе има година за паметење, во која стана европски шампион и се врати назад во „својата“ Црвена Звезда.

„2017 секако ќе ја паметам по освојувањето на Евролигата, совршената сезона со Фенербахче и враќањето во Звезда. Семејството ми е секогаш на прво место, но ова е што се однесува на професионален план“, изјави Перо.