Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Протестите против економските услови продолжуваат со несмален интензитет
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи ги обвини непријателите на Исламската република за серијата насилни анти-владини протести кои почнаа на крајот од минатата недела, пишува Гласот на Америка.
„Непријателите на Иран користат различни средства, вклучувајќи пари, оружје, политички и разузнавачки интриги за да креираат проблем во Исламската држава“, изјави ајатолахот Али Хаменеи во соопштение преку државната телевизија, објавено на неговата официјална интернет-страница. Хаменеи рече дека ќе се обрати до нацијата за последните случувања кога „ќе биде дојде време“.
Иранската државна телевизија објави уште ноќта девет лица загинаа во анти-владините протести. Билансот на жртви се искачи на повеќе од 20-тина од почетокот на жестоките демонстрации против економските услови во земјата.
Американскиот претседател Доналд Трамп, преку Твитер утринава истакна дека „луѓето во Иран конечно реагираат против бруталниот и корумпиран ирански режим“.
Иранскиот претседател Хасан Рохани се закани дека безбедносните сили ќе одговорат на „налетот на демонстрантите и оние кои го кршат редот и поредокот“.
Стотици демонстранти се уапсени од почетокот на протестите во четвртокот во градот Машад, пред да се прошират во други делови ширум земјата.