Царината спречи обиди за шверц на дрога!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во текот на последните две недели од 2017 година царинските службеници со полни раце работа. Тие спречиле два обида за шверцување на марихуана и екстази. Во првиот случај царинските службеници од граничниот премин Блато спречиле обид за шверцување марихуана.

– На 18.12.2017 година, околу 19 часот, за влез во државата се пријавил албански автомобил „мерцедес“, со кој патувале двајца албански државјани. На прашање на царинскиот службеник патниците одговориле дека немаат ништо за пријавување за царинска контрола, но при прегледот на багажникот на возилото, во делот за резервната гума, царинскиот службеник забележал црна кеса облепена со леплива лента. Во моментот кога царинскиот службеник се упатил да побара асистенција за детаљна контрола на возилото од полициските службеници на граничниот премин, сопатникот во возилото ја грабнал кесата и избегал во непознат правец. При понатамошен преглед на возилото под совозачкото седиште биле пронајдени 2 грама растителна материја, а подоцна при испитување на теренот околу граничниот премин полициските службеници пронашле кеса која содржела околу 1 килограм растителна материја. При тестирање на пронајдената растителна материја, тестерот за наркотици покажал присуство на наркотична дрога марихуана. Возачот на возилото и дрогата биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, информираат од Царинската управа.

Во вториот случај мобилните царински тимови во соработка со инспектори од Министерството за внатрешни работи заплениле 5 таблети „екстази“, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се движел на патниот правец Крива Паланка – Куманово. Контролата била извршена во царинскиот магацин на „Детоил“ во близина на Куманово, при што под патосницата пред возачкото седиште било пронајдено пластично кесиче со 5 розови таблети за кои по извршеното тестирање со тестер за дрога, добиени се индикации дека се работи за наркотична дрога, таблети „екстази“. Лицето и дрогата се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.