Детали за тепачката помеѓу Ален и Тифа: Ален го удри колегата по глава, а се започна вака!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пејачите од Бело дугме, Ален Исламовиќ и Младен Вујичиќ Тифа наводно се скарале, а потоа и физички се пресметале на концертот во Будва по повод дочекот на Новата година. Најпрво дошло до вербална расправија, а потоа и до туркање за на крајот пејачите да ги раздели обезбедувањето.

Сведоците тврдат дека до расправијата дошло по завршетокот на концертот кога пејачите слегувале по скалитите и си кажале тешки зборови еден на друг. После тоа на сцена излегол Ален и не сакал да слези кога требало да почне да пее Тифа. Исламовиќ продолжил со пеење и ги изведувал и песните од Тифа. Врвот на кавгата започнал кога Ален слегувал по скалите, а Тифа почнал да го пцуе. Тогаш Ален наводно го удрил Тифа, а тој го возвратил ударок. Веднаш потоа реагирало обзбедувањето.

Гласините за кавгата додатно ја разгореле приказната за тоа дека постои раздор во Бело дугме. Исламовиќ неодамна му рече дека ниту Бебек, ниту Тифа не можат вокално да му парираат. Многу луѓе сметаат дека има големи тензии помеѓу пејачите од некогашниот познат бенд.