Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Без разлика на тоа дали имате омилен пијалок или само експериментирате, на келнерите не секогаш им е лесно да ги исполнат желбите.
Додека некои нарачки стигнуваат за неколку секунди пред вас, други можеби ќе мора да ги почекате. И попатно да успеете да го уморите келнерот. Следат нарачките од кои на келнерите им се крева косата, а зошто е тоа така погледнете во продолжение.
Long Island Ice Tea
Со оглед на тоа дека овој коктел се добива со мешање на голем број состојки и одзема доста време, на келнерите не им е омилена нарачка. А особено нема да им се допадне нарачката доколку има гужва таа вечер.
Вистинскиот Long Island Ice Tea се состои од 4 или 5 врсти на алкохол, и е еден од најкомплицираните за правење.
Мохито
„Оној кој го смислил мохитото најверојатно ги мразел келнерите, затоа што навистина е комплициран и бара доста време и напор.“ Гласи изјавата на еден од келнерите.
Маргарита
За разлика од другите коктели, маргаритата не е комплицирана, но бара подолго тресење. Па со оваа нарачка сигурно ќе го изнервирате келнерот и луѓето кои чекаат за својата нарачка.
Точено пиво
Помисливте дека со пивото нема да погрешите, но и тоа би можело да предизвика застој. Точеното пиво секогаш нарачајте го прво, затоа што треба време за правилно да се наточи.
„По твој избор“
Ретки се работите кои се поиритантни од гостинот кој нарачката им ја препушта на келнерите. А тоа е нервозно доколку понудата не им се допадне, па мора да биде заменета.