Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес речиси нема човек кој не користи некоја интернет платформа од било каков карактер, која не бара од него да памти некаква лозинка. А оние кои имаат десетици профили и мејлови се доста честа појава, па се соочуваат со користење или на лесни лозинки или на една лозинка за сите свои потреби.
Корисник на интернет, како поединец, никогаш не е доволно сигурен на интернет, па затоа, од клучно значење е неговите лозинки, да бидат сигурни. Голем удел во тоа има факторот двојна заштита.
Но, и покрај предупредувањата на кибер-експертите, и се почестите кражби на податоци, многумина и натаму користат лозинки кои први им паѓат напамет, и кои се лесни за памтење.
Тоа значи дека „смртниците“ сите размислуваат слично, па така, најчесто користена лозинка во 2017 година е – „123456”.
Ова е омилената сигурносна комбинација втора година по ред.