Актуелно

Новогодишно обраќање на Доналд Трамп


Традиционално американскиот претседател им се обрати на Американците со триминутна снимка во која објасни кои се неговите најголеми достигнувања за време на првата година од неговиот мандат.

Во видео пораката се прикажани сцени на Трамп со воениот персонал и други светски лидери, додека во позадина се слуша како тој ја опишува Америка.

„Создадовме модерен свет и ќе го обликуваме утрешниот свет и вештините со американски раце“ вели Трамп.

Трамп меѓу останатото, го нагласи својот успех во воспоставувањето на даночниот систем, кој го опиша како најголем даночен рез во историјата на сАД.

Тој во видео снимката ја прочита и новогодишната порака.

„Каква година беше оваа, а тоа е само почеток. Заедно повторно ќе создадеме голема Америка. Среќна Нова Година“ напиша Трамп.

Новогодишните празници, Трамп ги поминува во Палм Бич на Флорида.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top