Еве што делува од животните трикови, а што не!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во истажувањето се тестирале 11 таканаречени животни трикови се утврдило дека 7 од нив навистина делуваат.

Пена за бричење против маглење на стакло

Ставете пена за бричење на чиста крпа и пребришете го стаклото додека не биде кристално чисто. Ќе видете дека после туширањето огледалото во купатилото нема да биде замаглено.

Оцетот ја неутрализира миризбата од цигари

Ставете две лажици оцет во филџан и оставете го преку ноќ да одстои во собата каде што има чад.  Киселоста од оцетот помага во неутрализирање на некои состојки од чадот.

Лимонадата го продолжува векот на цвеќината

Во вазната каде што ви стојат цвеќињата  ставете лимонада. Експертите тврдат дека тоа ќе им го продолжи векот на цвеќината.

Сапунот помага при подмачкување на патентот

Овај едноставен трик работи добро, но не трае вечно, така што ќе мора да ја повторувате постапката. Сапунот делува како лубрикант, но мора да пазете да не дојде до ткаенината.

Лакот за коса отстанува мастило од тврди површини

Прскањето на лак за коса на дамка од мастило помага таа да се растопи. Трикот исто така отстранува и дамки од црвено вино на облека, но облеката задолжително мора да се испере после тоа.

Пеглата го отстранува восокот од ткаенината

Прекријте го восокот со кујнски брисач и на него ставете загреана пегла. Така восокот ќе се претвори во течнсот, а брисачот ќе ја впие. На крај исперете ја ткаенината на класичен начин.

Омекнувач против статички електрицитет

Ако носете плетени работи, тогаш знаете колку статичкиот електрицитет може да биде иритирачки. За да се решете од тоа, ставе омекнувач на плетените работи бидејќи омекнувачот дава позитивен набој и го неутрализира негативниот набој на статичкиот електрицитет.

Трикови кои не функционираат

Отстарнување дамки од менстурација со сол.

Ставање на оцет на даската за сечење за да го спречете „плачењето“.

Трење на кожни предмети со кора од банана за добивање на сјај.

Вметнување на кесички за чај во чевлите против смрдеа.