Home Актуелно Потерница за петмина осомничени за собраниските насилства на 27 април

Потерница за петмина осомничени за собраниските насилства на 27 април

Полициските служби распишаа потерници по Никола Митревски, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски, осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

За петтиот потерницата е рапишана од порано, па вкупниот број осомничени што им се недостапни на органите на прогонот засега е пет лица.

Имињата на Митревски и Василевски неофицијално се поврзуваат и со бегството на двајцата ексразузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски

Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…