Кинеско растение кое го спречува расипувањето на забите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Проучувајќи ја кинеската билка Galla Chinensis, експертите во неа откриле состојка која го спречува оштетувањето на забите, а воедно влијае и врз зголемување на потентноста.

Ова откритие може да биде прв чекор кон создавање на природен продукт за спречување на нагризување на забите кои луѓето би го користеле за заштита на здравјето на забите.

Билката функционира бидејќи нејзината активна состојка ги спречува бактериите да создадат киселина која ги нагризува забите и создава шуплини во нив. Таа исто така и ги зацврстува за да не се кршат лесно, а тоа го постигнува со минерализација на забот.

Според резултатите од истражувањата, билката може да се користи не само за здравјето на забите, туку и како антиоксидант, во третмани против дијареа како и против вируси.

Научниците од школата за стоматологија во Западна Кина и академскиот центар за стоматологија во Амстердам дошле до ова откритие кога ја искористиле техниката масовна спектрометрија да ги одвојат различните состојки од билката, и да ја тестираат нивната антибактериска вредност.

Иако флуоридот игра голема улога во спречувањето на создавање шуплини во забите, дополнителните методи би им помогнале на уште повеќе луѓе.