„Боксинг Деј“ започна со рекорд: Хари Кејн за историја!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тотенхем попладнево го пречекува Саутемптон на „Вембли“ за отварање на празничната програма на „Боксинг Деј“.

Оваа година популарниот „Боксинг Деј“ започна со рекорд и промена на историјата на Премиер лигата.

Имено, Хари Кејн во 22-та минута го отвори резултатот за предност на „спарси“. Со тој гол Кејн стана апсолутен редкордер во Премиер лигата, бидејќи тоа беше неговиот 37-ми гол во 2017 година.

Минатиот натпревар тој го израмни рекордот на Ширер, а денес го престигна и тоа со два гола, бидејќи до крајот на полувремето го постигна и својот 38-ми гол во 2017 година.

Легендата Алан Ширер веднаш преку Твитер го поздрави новиот рекордер и му честитше на Хари Кејн.