Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес во општина Аеродром се измерени рекордни 854 микрорами ПМ10, при што особено било алармантно во Ново Лисиче каде цело претпладне беше со магла и смог.
Граѓаните од овие населби алармирале до надлежните и информирале дека во воздухот се чувствулала смрдеа на изгорена пластика, информираат од еколошките невладини организации. Од коалцијата за чист воздух О2, во која членуваат повеќе невладини здруженија се огласија на социјалните мрежи и ги повикаа надлежните инспекции да реагираат.
„Топол викенд, пријатен ветер, сите мерни станици во зелена зона… и наеднаш петте минути за демоните од Лисиче. Дрисла ли е, Усје ли е, инцидент, диви погони ли се, ама домаќинства и сообраќај не ќе да се. Затоа инспектори на терен треба да е најитната мерка на надлежните институции, додека да профункционираат сите други сегменти.”, напишаа од О2 на нивната фејсбук страница.
Според резултатите на мерните станици на Министерството за екологија, загадени биле и Општина Карпош и Центар, при што најмногу ,204 микрограмиПМ10 биле регистрирани во делот на Ректоратот. Според екологистите послените мерења алармираат дека воздухот во Скопје е и до четири пати позагаден од дозволените граници.