Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сопственикот на еден ресторан во Австралија одлучи да го забрани влезот за децата во неговиот ресторан, а тоа се покажало како добра идеја бидејќи ресторанот работи подобро после оваа одлука.
Ресторанот Флинс во австралискиот град Јунгабура дојде на насловните страници од магазините кога сопственикот го забрани влезот за деца помали од 7 години.
Неговата одлука била донесена кога две годишно дете дојдено со неговите родители не престанало да вришти за време на ручекот. Сопственикот фино ги замолил родителите, но добил негативен одговор, а потоа тие си заминале од ресторанот.
Флин после кратко размислување одлучил на Фејсбук страницата од ресторанот да објави дека ќе го забрани влезот за деца помали од 7 години. Им предложил на родителите „да си направат услуга на себе си и да изнајмат дадилка“.
Неговата објава брзо се проширила по социјланите мрежи. Едни го фалеле, а други го осодувале. Сопственикот истакна дека прометот бил подобрен откако се донесла оваа одлука.
„Имавме неколку родители кои сметаа дека тоа е директна дискриминација, но генерално реакциите се позитивни. Добив многу поддршка и многу родители се изјаснаа дека тоа е добра работа“ додаде тој.