Видео: Почина ‘таткото’ на Душко долгоушко


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Боб Гивенс, автор на цртаниот филм „Душко долгоушко“ почина на 99 години.

Американскиот аниматор, чија долга и богата кариера исполнета со соработка со компании како што се Волт Дизни, Ворнер Брос и Хана-Барбера, почина од природна смрт на 14-ти декември во болницата Сен Џозеф во Бурбанк, пренесуваат американските медиуми.

Гивенс, кој учествувал во креирање на легендарните ликови Душко Долгоушко и несреќниот ловец Елмер Фад, починал од акутна респираторна инсуфициенција. Информацијата ја соопштила неговата ќерка Маријана Гивенс.

Боб почнал да работи за „Волт Дизни“ веднаш штом завршил средно училиште, а подоцна се придружил на „Ворнер брос“, како и на „Хана-Барбера“. Неговата верзија на Душко Долгоушко дебитира во 1940 година.

Меѓу цртаните филмови на кои има работено на илустрирање на сцената во 60-годишната кариера се и „Том и Џери“ и „Попај“.