Хојт Ји: Скопје и Атина имаат одлични шанси да го решат спорот во 2018 година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Атина и Скопје имаат одлични шанси да го решат спорот за името во 2018 година, вели Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар на САД, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Тој вели дека преговорите меѓу двете земји ќе бидат тешки и дека мора да има компромиси, но дека разговорите со посредство на медијаторот на ОН, Метју Нимиц, се конструктивни.

Запрашан како ја коментира моменталната ситуација во Македонија, каде што одигра значајна улога во решавање на политичката криза, Ји вели дека САД го поддржуваат позитивниот тон кој го претставила владата на Зоран Заев.

„Тоа особено е насочено кон подобрување на односите со соседите. Неговата влада покажа јасна приврзаност кон владеењето на правото и транспарентноста. САД се посветени во поддршката на неговата влада и амбициозните реформски намери“, вели тој.

Ји повторно ги демантираше гласините дека ќе биде наследник на американскиот амбасадор Џес Бејли во Македонија.