Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новата 2018 година е веќе на прагот, а со тоа и многу работи кои ќе се случат. Кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме новата година скоро сите се прашуваат што ги очекува во наредната година.
Во продолжение ви ги пренесуваме најинтересните работи кои ќе им се случат на хороскопските знаци во 2018 година. А она што може да го научиме од астролозите е дека треба да го очекуваме – неочекуваното.
Овен
Оние кои се дел од овој знак, ќе се одлучат за некои нови врски и ќе ги зацврстат веќе поставените врски. Ги очекува слава и кариера до 2020 година. Со Јупитер и Марс на ваша страна, ќе имате изобилство од сексулана енергија. Но внимавајте со кого ја трошите. Исто така бидете внимателни со луѓето кои ги запознавате и колку се врзувате за нив, затоа што може ќе имате некои последици.
Бик
Спремете се за акција и многу случувања на полето на лубовта. Слободните бикови ќе пронајдат партнер оваа година. Ќе го промените начинот на кој се гледате себеси и ќе бидете спремни за ризик. Оваа година ви беше доста тешка, но ве насочи кон некои промени. Можеби сте промениле врска или некоја работа, но на крај вие излеговте победник од битката. 2018 година е време да се опуштите и да ги соберите плодовите на претходниот труд.
Близнаци
2018 година е за преиспитување на кариерата. Овој транзит ќе направи промена во секојдневните обрски. Што е тоа што ве прави среќни? Како тоа да го остварите? Успорете малку и размислете како сакате вашиот живот да изгледа и почнете да работите на тоа. Новата година ќе ви донесе подлабоки љубовни врски, за разлика од оваа година која беше доста лоша. Промените со врските ќе се случат и со пријателските и со љубовните врски. Бидете свесни за вашето време и не се обврзувајте на повеќе страни истовремено.
Рак
Во 2018 година ќе дојде до израз вашата креативност, а Јупитер ви дава страст и креативност. Речете и збогум на куќарката во која се криете и излезете на сцената! Ќе добиете многу самодоверба, и сето внимание ќе биде насочено кон вас. Исто така следната година ќе биде време осамените Ракови да пронајдат љубов. Во 2018 година ве очекува промена и на други полиња, во прашање е нова работа, унапредување или покачување.
Лав
Вратете се на своите корени за да ги залечите старите рани. Што е тоа што ве прави да се чувствувате како дома, да ви е угодно? Не се воздржувајте угодете си себеси. Во новата 2018 година посветете се на здрав живот затоа што сега тоа ви е најпотребно. Фокусирајте се и на љубовта и емоциите, како и на врските со други луѓе. Размислете што уште може да направите за да ги зајакнете.
Девица
Време е за комуникација, и сега ќе ја сфатите вистинската моќ на зборовите. Ако сакате да се посветите на учење на некој нов јазик, ѕвездите се на ваша страна. Конечно ќе се осетите добро во вашата кожа и ќе сакате сите тоа да го видат. Љубовта ќе ви биде во преден план оваа година, ќе поминете и многу време на размислување за тоа.
Вага
Вашата сметка во банка ќе биде значително „подебела“. Како и да е, дали ќе станува збор за нова работа или унапредување, парите ќе стигнуваат. Но ќе мора да одолеете на претераното трошење иако е големо искушение. Можеби ќе бидете и спремни да се скрасите со нова романтична врска. Сакате стабилност и тоа 2018 година ви го пружа.
Скорпија
Ова е ваша година. Се што сакавте да постигнете оваа година, ве чека во наредната. Јупитер ќе ве прати во наредните 12 месеци и соништата ќе станат јаве. Не штедете ја енергијата, многу работи ќе ви изгледаат тешки, но ѕвездите се на ваша страна. Во љубовта спремете се да експериментирате, запознавајте нови луѓе и забавувајте се.
Стрелец
Ќе бидете активни во друштвениот живот како и секогаш. Погледнете подлабоко во вашата душа и поставете си неколку прашања. Што сакате во иднина? По кој пат и кариера сакате да одите? Можеби и пронајдовте нови начини за емотивно да се отворите и препуштите. Ова е идеално време да преиспитате колку вредите. Финансиски ќе стекнете некоја сигурност и ќе станите помудри кога се во прашање парите.
Јарец
Вие сте најголем работник од сите хороскопски знаци, но сега е време да се посветите на она што го сакате. Во јануари затемнувањето на месечината ќе ви донесе да поработите на интимноста. Физичкиот аспект на интимноста ќе претрпи некои промени. До 2020 година Сатурн ќе ги размрда вашите темели и ќе ве научи на зрелост.
Водолија
Оваа година следи преиспитување на врските и дали сте спремни на следен чекор. Оваа енергија ќе биде насочена кон врските кои се неразјаснети. Работата ќе цвета, спремете се на промени и тоа на подобро. Ако се плашите да продолжите понатаму, само стегнете заби и изборете се со тоа.
Риби
Време е за некои позитивни врски. Може малку да се смирите кога е во прашање бркањето на кариерата и да се посветите на блиските. Вашиот љубовен живот исто така се подобрува, а вие ќе бидете за љубов. Ѕвездите навистина ќе ве обожаваат следната година.