Логични причини зошто би требало Нова година да ја поминете сами со партнерот

Нова година

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некои празници се резервирани за семејството, додека пак некои се идеални да ги поминете со вашиот партнер. Нова година е идеалниот празник за тоа.

Тоа не значи дека вие сте лош родител, потребен ви е само малку одмор. Кога последен пат со сопругот бевте сами и уживавте? Следат неколку причини кои укажуваат на тоа дека е време да земете „здив“.

Кога последен пат бевме сами?

Ако на одговорот на ова прашање не може да се сетите, веројатно Новогодишната ноќ е вистинска прилика за тоа. Не ја пропуштајте!

Но, немаме пари

Ова е само уште еден изговор, кој не смее да ве спречи за малку одмор од децата. Нова година е една од ретките прилики и искоритете ја. Имајте во предвид дека среќни родители, значат и среќно дете.

Не сакаме гужва

Не сте единствени, но Нова година може да се прослави и без многу луѓе. Предлози од Поп Шугар се: Романтична ноќ во хотел, вечера во ресторан или едноставно останете дома сами и уживајте.

Но, кој ќе ги чува децата?

– Било кој. Пријатели кои остануваат дома или може да искористите некој сервис за таа намена. Верувајте дека на децата една вечер нема да им биде проблем, за која и да се одлучите опција.

Зошто баш Нова година?

Престанете да измислувате изговори. Заборавете на грижите и забавувајте се таа ноќ. Но, мора да напоменеме дека сигурно ќе има и шампањ.