Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварот опфати предизвици во аеробик, дигање на тегови, прескокнување препреки и пливање. Не е се во вежбањето во теретана, туку многу важен е начинот на живот и добро избалансираната исхрана.
„Тоа што сум прогласена за најфит жена на светот е само признаница за мојот труд дека не бил залуден“ вели таа.
Како и секој професионален атлетичар, таа знае дека не се случува се во теретаната и таа верува дека ние сме тоа што јадеме. Внесува голема количина на овошје и зеленчук и следи макроисхрана, а тоа и дозволува да следи што јади.
За неа е важен одморот после напорното вежбање. Секогаш се труди да спие 7 до 8 часа, а за полесно да заспие слуша музика која релаксира.
Оваа успешна атлетичкарка не се споредува со другите и не и завидува на конкуренцијата, туку им се диви на луѓето кои водат здрав живот.
За професионалните атлетичари цела работа и труд се сведува на теретаната, но многу важно е она што се случува надвор од тие ѕидови. Таа обожава долги прошетки со своето куче, кампување и слично. Се труди нејзините тренинзи да бидат разновидни и внимава на тоа тие да не бидат досадни.