Транспорт продава државно земјиште по 70 денари за квадрат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се намалува цената на државното градежно земјиште во 58 општини. Намалувањето е само за дооформување на парцели за точно утврдена категорија на објекти.

Цената ќе биде фиксна, односно 70 денари за квадратен метар, а ќе се однесува за дооформување на парцели за изградба на објекти за згрижување на стари лица, деца без родители, студенти и ученици.

Целта на оваа мерка е да се тимулира развојот на локално ниво, но и да зајакне социјалната грижа. Продажбата ќе се спроведува преку непосредна спогодба.