Стефано Габана: Не сакам да ме нарекуваат хомосексуалец, јас сум само човек


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот моден дизајнер Стефано Габана, сопственик на половина од италијанскиот планетарно популарен моден бренд Dolce&Gabbana, вели дека е уморен од тоа што неговата сексуалност го дефинира како личност и побара од луѓето да престанат да го поврзуваат со зборот „геј“.

„Не сакам да ме нарекуваат хомосексуалец, бидејќи сум само човек. Зборот геј го измислиле луѓето кои сакаат да означуваат други луѓе, а јас не сакам да бидам идентификуван врз основа на мојот сексуален избор“, вели Габана за Corriere della Sera.

Верува дека како позната личност може да помогне во ширење на културата која повеќе не се темели на правата на хомосексуалците, туку на човековите права.

„Ние сме човечки суштества пред да бидеме хомосексуалци, хетеросексуалци или бисексуалци“, вели Габана.

Дека е хомосексуалец сфатил кога имал 18 години. Тогаш со девојката која навистина му се допаѓала отишле во Милано, а кога почнале да танцуваат, сфатил дека повеќе се загледува во мажи отколку во неа.

Иако некое време бил свесен дека е хомосексуалец, немал храброст да го признае тоа, а преку терапија сфатил дека знаците на хомосексуалноста кај него се јавиле уште во детството.