Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Четирикратниот првак на светот во Формула 1, Луис Хамилтон, на својот Твитер профил му оддаде почест на германскиот поранешен Ф1 пилот Михаел Шумахер.
Иако идол на Хамилтон е познатиот Аиртон Сена, Луис и тоа како го почитува најдобриот возач на светот на сите времиња.
Michael, equalling your pole position record in Belgium this year meant so much to me and was a true honour. Praying for you and your family all the time #KeepFightingMichael #Legend ? @schumacher pic.twitter.com/iUTCoUyWsd
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) December 17, 2017
„Миахел, голема чест ми е што на овогодинешната трка во Белгија успеав да го изедначам твојот рекорд по број на пол позиции. Постојано се молам за тебе и твоето семејство“, напиша Хамилтон.
Шумахер во 2013 година се здоби со опасна и тешка повреда при скијање по која цели шест месеци помина во кома. Семејството целосно се изолираше од јавноста и последните четири години не се знае ништо за здравствената состојба на Шумахер.