Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Приврзаници на албанската опозиција се обидоа насилно да влезат во албанскиот парламентот. Полицискиот кордон успешно го спречи насилниот упад демонстранти, но состојбата е и понатаму тензична.
Инциденти во и надвор од алабнскиот парламент каде денеска се разгледува изборот на нов јавен обвинител. Собраниската седница почна со барање за оставка на Владата, а продолжи со физички пресметки меѓу пратениците и напади врз премиерот, Еди Рама.
Пратеникот Фљамур Нока фрли солзавец кон Рама, а лидерката на ЛСИ и сопруга на актуелниот претседател на државата Илир Мета, Моника Круемади имаше неуспешен обид да го погоди Рама со чизми.
Но, и покрај хаосот кој владее во салата, владејачкото мнозинство се обидува да ја продолжи седницата и да го избере новиот државен јавен обвинител.
Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот со кој, според нив, се бара професионален јавен обвинител, а не политички.