Совети за девојките: Како да се однесувате кога друга типка му се пушта на твојот дечко


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Има многу девојки кои се нашле во ситуација на нивниот дечко да му се додворува друга девојка (или барем тие мислеле дека станува збор за тоа) и не знаеле како да се постават и однесуваат во таквата ситуација, но биле лути и изнервирани.

Фрустрациите се нормални, но пред да реагирате, можеби треба првин малку да размислите. Еве неколку совети за тоа.

Не вклучувајте се

Иако не можеш да поднесеш некоја друга да му се пушта на твојот дечко, некогаш е подобро да не се мешаш. Немој да почнеш со закани упатени кон него или кон неа, бидејќи со тоа праќаш погрешна порака. Му покажуваш дека не му веруваш, а со самото тоа може да дојде до несакани кавги во врската. Исто така, сè повеќе се оддалечуваш од својот партнер, а тоа лесно резултира и со разнишување на стабилноста на врската.

Не обвинувај го веднаш твојот дечко

Смири се, диши и не реагирај во афект. Не го опсипувај веднаш со обвинувања својот партнер, особено не заради ова, ако немаш докази дека нешто навистина конкретно се случило меѓу него и друга девојка. Добро размисли пред да направиш било што. Може премногу да се налути на твоите обвинувања и недоверба, а не го сакаш тоа.

Провери што сè знаеш

Прво провери ги фактите кои ги знаеш или мислиш дека ги знаеш. Провери дали се вистинити, а дури потоа делувај. Обрати внимание и на неговото однесување и обиди се од него да извлечеш информации дали станува збор за реална опасност за вашата врска или можеби само тебе така ти се причинило.

Договорете се

Разговарајте и видете што мислите и двајцата за дадената ситуација. Може тој мисли дека флертот и додворувањето се нормален дел од врската и тоа е прифатливо однесување. Дури кога ќе си ги расчистите овие работи, ќе знаете на што сте и дали можете нормално да функционирате.