„Волшебници“ од Тунис демонстрираа како се внесува пиротехника на стадион (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Немаат само балканските земји проблеми со пиротехника на фудбалските стадиони. Обезбедувањето прави се за да се спречи внесување на пиротехника, но навивачите се посилни од оние кои се обидуваат да го спречат тоа.

Двајца навивачи од Тунис, беа гости на една телевизиска емисија, и демонстрираа како се внесува пиротехника на стадионите.

„Знаете, постои „црвена линија“ која медиумите не смеат да ја поминат и да дознаат како ние внесуваме пиротехника на стадион“, започна еден од маскираните навивачи.

„Вие овде во студиото имате обезбедување и многу детектори низ кои поминавме“, додаде навивачот, а водителот одговори потврдно.

Веднаш потоа навивачите извадоа бакли и ги запалија во студиото.