Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Вест Бромвич, Алан Пердју упати комплименти кон својот колега на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо со кого денес ќе ги одмери силите во рамките на 18-то коло од Премиер лигата.
Искусниот тренер смета дека во фудбалот не постои подобар тренер кога станува збор за играње на резултат и освојување трофеи.
„Жозе и јас сакаме да победиме на секој меч со 4:0 и да играме светски фудбал. Тоа не можеме да го направиме, а понекогаш само треба да пронајдеш начин за да запишеш три бода. Тоа е она што Мурињо го прави подобро од било кој друг, вклучително и Гвардиола. Тој освојува повеќе трофеи“, изјави Пердју.
ВБА денешниот дуел го дочекува на претпоследното место на табелата во Премиер лигата, додека Јунајтед е втор со 14 бода помалку од лидерот Манчестер Сити.