Порно индустријата во шок: После Ејмс, прерано почина уште една порно ѕвезда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светот на индустријата за возрасни пред неколку дена беше шокиран од прераната и ненадејна смрт на една од најперспективните актерки од оваа филмска индустрија, Август Ејмс.

И уште траумите и раните не беа залечени од шокот предизвикан од нејзината смрт, слична судбина ја најде уште една порно ѕвезда. 31-годишната Јуризан Белтран, во порно водите позната како Јури Лав, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан. Медиумите пренесуваат дека причината за нејзината смрт е предозирање со наркотици.

Јури снимала за голем број познати порнографски куќи, а во моментот била под договор со Порнстар.

„Целата Порнстар Платинум екипа е потресена со губењето на уште една од своите членки. Јури е пронајдена мртва на 31-годишна возраст. Кон мене секогаш беше љубезна и на сите ќе ни недостасува“, изјавил Дан Хог претставник на Порнстар.

Пријателката на Јури, Ники Мило за Daily Star изјавила дека таа била пронајдена од сопственикот на куќата во која живеела во Калифорнија, а покрај нејзиното тело имало пилули.

Во порноиндустријата Јури влезе на 18 години, кога се појави на насловната страна на магазинот „Lowrider“, а веднаш по тоа и во Пентхаус.