Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај, следната година – оваа информација е официјално потврдена од Кенсингтонската палата.
Славниот пар минатиот месец ја објави нивната свршувачка и најави венчавка за наредната година во капелата Сент Џорџ во дворецот Виндзор.
Принцот Хари и американската актерка Меган Маркл љубовната врска ја започнаа во јули, минатата година, кога се запознаа на состанок кој им го „намести“ нивни заеднички пријател.
Кралското семејство ќе ја финансира венчавката, вклучително и услугата, музиката, цвеќето и рецепцијата.