Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус не се откажува од играчот на Монако, Фабињо и продолжива одлузи да го следи настапите на Бразилецот.
Играчот за врска кој може да игра и како десен бек беше пред трансфер во Пари Сент Жермен во летото, но во последен момент зделката пропадна, а причина беше финансискиот фе-плеј на УЕФА.
Јувентус исто така имаше интерес кон Фабињо, меѓутоа „бјанконерите“ имаа право да пријават само уште еден играч надвор од ЕУ, па се одлучија за Даглас Коста од Баерн Минхен.
Меѓутоа „старата дама“ не се откажува од Бразилецот и ќе се обиде да го доведе следното лето, особено поради фактот што и самиот фудбалер призна дека ова му е последната година на „Луи Втори“.
„Ако не се случи нешто неочекувано, очекувам ова да е мојата последна година во Монако. Не сум потпишал ништо, но имам усмен договор со еден клуб. Во моментов сум во Монако, но до лето можат да се случат многу работи“, изјави Фабињо.