Како руската ја истрола американската амбасада во Скопје: Кое е решението за загадувањето на воздухот?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Твитер беше алатката за комуникација помеѓу руската и американската амбасада каде што дискутираа за решението за загадениот воздух во Скопје.

Амбасадата на САД вчара праша „Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ и објави фотографија од Амбасадата под која напиша дека загадувањето во Скопје било толку големо што одвај се гледала згрдата.

„Сакаме да им помогнеме на нашите пријатели од американската амбасада кои бараат идеи за намалување на загадувањето на воздухот. Турски тек“, напишаа од руската амбасада на Твитер.