Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, Стефано Стураро го навлече гневот на италијанската јавност откако на социјалните мрежи срамно му одговори на едно 12-годишно дете кои навива за Наполи.
„Седи долу или ќе те посрамотам па ќе плачеш три дена. Оди играј си совојт покемон и остави ме на мира…Оди плачи кај мајка ти, проклето дете. Всушност, јас сум дома со твојата мајка“, напиша фудбалерот на Јувентус.
Juventus midfielder Stefano Sturaro apologises after snapping at a 12-year-old Napoli fan on social media. ? pic.twitter.com/55G870gsPZ
— B/R Football (@brfootball) December 13, 2017
Веднаш после срамниот пост илјадници луѓе го нападнаа Стураро, па тој, откако свати дека погрешил, реши да упати јавно извинување.
„Нас фудбалерите често не навредуваат на социјалните мрежи. Се трудиме сето тоа да го игнорираме, но понекогаш инстиктивно реагираме. Им се извинувам на сите кои се почувствуваа навредени“, напиша Стураро.