Роналдо кажа ДА: Спремна најголемата трампа во историјата на фудбалот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веќе подолго време се пишува за незадоволството на Кристиано Роналдо во Мадрид, а денес пристигнаа информации дека Португалецот донел одлука да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ следното лето.

Капката која ја прелила чашата е изјавата на претседателот Флорентино Перез со која отворено го повика Нејмар да дојде во Реал Мадрид и да ја освои „Златната топка“.

Шпанските медиуми тврдат дека ако Роналдо сака да го напушти Реал и да остане во Европа, единствена опција му е Пари Сент Жермен, кој веќе воспоставил контакт со неговиот агент.

„Светците“ се спремни да го направат Роналдо најплатен фудбалер во светот, а за возврат ќе добијат маркетиншка „бомба“ и за уште неколку сезони врвен фудбалер.

Перез сака да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на Нејмар, кој исто така не е задоволен во Париз и е спремен да се врати во Шпанија.

Шпанските медиуми најавуваат дека веќе се спремна најголемата трампа во историјата на фудбалот, а „кралевите“ се спремни покрај Роналдо за Нејмар да платат одредена сума на пари.

Двајцата фудбалери се спремни да ја променат средината…сигурно не очекува жешко лето!