Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Mагла и смог. Така е утрово во Скопје. Аерозагадувањето со ПМ10 честичките е двојно над максимнално дозволените концентрации. Според мерните станици, најзагадено е во Центар (262), Карпош (320) и кај ректоратот (323) – шест пати над дозволената граница од 50 микрограми на еден кубен метар воздух, пренесува Мкд.мк.
Денеска во Скопје Министерството за животна средина и просторно планирање организира уште една панел дискусија за политиките за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје. Додека се дефинираат политиките, што треба да прават граѓаните?