Сите се прашуваат кој е тој: 57 години праќа иста честитка на адреса на болницата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бивш пациент на болницата Стемфорд во Линколншир, претерано благодарен за третманот кој го добил некогаш во оваа болница, цели 57 години праќа иста честитка за Божиќ и Нова Година на адреса на споменатата болница. 

Првата честитка од него, без потпис, стигнала во 1960 година, со поштенска марка од Челмсфорд, источна Англија. Од болницата велат дека мистеријата трае веќе 57 години.

„Би било прекрасно конечно да дознаеме кој е мистериозниот испраќач кој ни е толку благодарен за да може и ние да му се заблагодариме и да му го честитаме Божик“, велат од болницата.

Вработениот персонал од поштата во Челмсфорд, од каде се испратени сите честитки, им кажале само дека се работи за лице од машки пол.

Честитката е адресирана до персоналот во одделот Exeter што веќе не е во употреба. Во последната честитка, анонимниот пациент им кажува дека „уште добро се држи“.