Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славната манекенка и модел Џиџи Хадид се придружи во годишното одбројување на британското списание LOVE, во рамки на нивниот календарски видео проект #LOVEADVENT2017, со што кај некои предизвика воодушевување, но кај некои револт и критики.
Поради својот природен изглед и „несредените“ пазуви, Џиџи се најде на удар на критики од страна на некои медиуми и дел од јавноста.
Во новото видео за LOVE таа ги покажува своите импресивни боречки вештини во спортска комбинација. Сепак, јавноста повеќе се заинтригира од нејзините небричени пазуви, за што се појавија поделени мислења.
Според изјава на личност блиска до манекенката, славната убавица немала несредени пазуви, туку тоа се влакна од јакната која ја носела на сетот, а кои се залепиле за неа.
Сепак, видеото стана вирално токму поради коментарите, а на социјалните мрежи беше иницирана вистинска дебата за овој не така битен и значаен момент.