Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На сопственикот од транспортното комбе и кучиња во кое, поради преголема температура и зовриен воздух, од мозочен удар починаа 30 миленичиња, му виси затворска казна од 90 години и парична од околу 150.000 долари.
Филипински сопственик на кучиња натоварил околу 40 кучиња во кафези во возило со недостиг на вентилација за да ги пренесе во градот Марикина, недалеку од главниот град Филипини, Манила. Кога пристигнало возилото на местото, кучињата биле пронајдени во несвест, и покрај обидите да ги спасат, вкупно 30 животни починале од мозочен удар и задушување.
Во јавност се појавија видео снимки на кои се гледаат безживотни кучиња како лежат во кафези и на подот и спасувачи кои се обидуваат да ги повратат во живот. Неколку од кучињата имале среќа да преживеат.