Дарко Станиќ се враќа во Скопје: Овој пат во „црвено-црно“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српските медиуми потврдија дека голманот Дарко Станиќ ќе биде замена за Арпад Штербик во редовите на европскиот шампион Вардар.

Според весникот „Спортски Журнал“, поранешниот ракометар на Металург потпишал едногодишен договор со црвено-црните каде што ќе брани во тандем со Страхиња Милиќ.

Станиќ е голем пријател со сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, па брзо бил постигнат договор тој да биде замената за Арпад Штербик.

Ова за Станиќ ќе биде враќање во Скопје, но во редовите на најголемиот ривал на Металург, па сигурно ќе ги разочара „Пиратите“.