Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Професор Клаудис Грос, теоретски физичар на универзитетот во Франфурт, тврди дека може да го пренесеме животот на небесните тела надвор од нашиот сончев систем.
„Животот навистина би бил возможен на овие планети, но нема доволно време да се развие и прошири“, вели Грос
Тој предлага да се испратата микро-вселенски летала без екипаж на таквите планети. Вселенското летало ќе биде опремено со магнетни едра, така што ќе запри кога ќе стигне до дестинацијата.
„Леталото ќе биде опремено со автоматизирани генетски лаборатории. Кога ќе стигнат до дестинацијата, лабораториите ќе го синтетизираат изборот на едностарни организми, со цел да се воспостават екосистеми на целните планети“ вели тој.
Со поднесување на лаборатории кои ќе создадат организми, би можело значително да се забрза процесот за создавање на живот, но сепак за новата Земја би требало уште многу милиони години
„На тој начин, би можело да се прескокнат четирите милијарди години кои беа неопходни на Земјата за да стигнат до ултрамаринската фаза на развој“ рече Грос.