Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кралот срце (или според друг тертип – поп срце) е единствениот крал во шпилот карти кој нема мустаќи. Одговор на прашањето зошто е тоа така го нудат неколку теории.
Според едната теорија, кралот срце е „дизајниран“ без мустаќи според една поема. Англиската легенда вели дека кралот некогаш имал четири сина, на кои планирал да им го подели кралството. Тројца од синовите имале мустаќи, само еден немал.
Кралот повикал уметник и побарал да ги наслика неговите синови, а потоа напишал поема во која навел дека од наследство ќе го лиши „чудниот крал“. Тоа значело дека синот кој бил „ќос“ ќе остане без наследство.
Можеби оваа приказна не е точна, но се смета дека од неа потекнува идејата за трите крала со мустаќи и едниот без мустаќи.
Има и такви кои сметаат дека лошото печатење е виновно за „ќосиот“ крал. Тој, наводно, на почетокот имал мустаќи, но поради лошото печатење тие се изгубиле.
Некои, меѓутоа, потеклото на ваквите кралеви го гледаат во историска личност, каква што биле Александар Македонски и Карло Велики. Тврдат дека кралот срце е баш овој последно споменатиот, иако тој на сликите е претставен со брада и мустаќи.
Американската компанија USPCC, која произведува карти за играње, го фаворизира токму таквиот изглед на кралот срце. Тие се познати и по четирите раце, додека на кралевите во друга боја им се гледаат само две.
Новата теорија како главен „виновник“ за исчезнувањето на мустаќите кај кралот срце ја наведува техниката на производство. Стандардните англиски карти за играње кои денес се користат потекнуваат од оригиналниот француски модел произведен во 16-ти век. За потребите на масовното производство, најраните карти биле испечатени со помош на дрвени блокови.
Една друга теорија вели дека карото (баклавата), пикот (листот) и трефот (детелината) асоцираа на корупција, богатство, војна и смрт. Од друга страна, срцето како орган е чисто, отворено и не носи ништо вештачко, па поради тоа имаме целосно избричен крал срце.