И таа ќе биде дел од жешката атмосфера на Светското првенство во Русија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За тие кои не ја знаат (ако има такви), се вика Анастасија Квитко и е една од амбасадорките за Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Русија во 2018 година.

Ја нарекуваат „божицата од Калининград“, а некои ја сметаат и за руската Ким Кардашијан. Таа, пак, смета дека одамна ја има надминато Ким и вели: „Ја сакам Ким Кардашијан, но не сакам кога ме споредуваат со неа, бидејќи сум многу подобра од неа“.

Некои тврдат дека се има подложено на естетски корективни операции, а таа тврди дека сè што може да се види на неа од страна на облини и телесни карактеристики е природно.

„Не ме интересира естетската хирургија. Што ми фали ваква? Се сметам за совршена и не сакам да променам ништо на мене“, тврди Анастасија.

На почетокот од нејзината модна кариера, модната агенција барала од неа да ослаби, но Квитко категорично го одбила тоа барање.