Кој ќе биде нов лидер: Илија Димовски VS Христијан Мицковски?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Над 600 делегати на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово најверојатно ќе избераат меѓу Илија Димовски и Христијан Мицковски, брифираат партиски извори за тв 24. Според истите извори, Антонио Милошоски, Никола Попоски и Никола Тодоров најверојано ќе застанат зад кандидатуирата на Димовски, иако од нив се уште лидерски амбици покажува екс министерот за здравство, јавува ТВ 24вести.

Висок партиски функционер вели дека зад координаторот на ВМРО-ДПМНЕ застанала целата пратеничка група, како и повеќето членови на ИК, а Димовски поддршка има и од дел од ветераните на партијата. Од друга страна пак актуелниот генерален секретар и самиот најави можност за кандидатира, а тој ја има поддршката на лидерот во оставка, Никола Груевски. Мицковски е единствениот од високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ што на секој протест предводен од лидерот на партијата е до него. Мицковски според анализата на висок партиски функционер тешко би поминал во базата.

Официјално, никој не ги потврдува овие информации, сите велат дека се уште е рано и дека се уште се е во игра, но очекувањата се дека по централниот комитет в сабота ќе биде појасна соостојбата. Нема очекувања барем кај дел од функционерите од извршниот комитет дека постои можност конгресот да го спаси лидерот кој што речиси 15 години седи на престолот на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен нов лидер, со новиот конгрес плановите се да има и промени во функционирањето на партијата – да се изберат потпретседатели, а новиот генерален секретар да има повеќе моќ, но и патријата да се децентрализира. Никола Груевски по речиси 15 години ќе ја напушти лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: 24 Вести