Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортскифедерации ги објавија номинациите за „Спортисти на годинита“ во Македонија, кој ќе се одржи по 63-ти пат.
Изборот секако предизвика коментари во домашната јавност, бидејќи меѓу номинираните ги нема Перо Антиќ, Кирил Лазаров, Лина Ѓорческа, Наташа Андонова…спортисти кои имаа одлични резултати во 2017 година.
Во конкуренција за „Спортист на годината“ се Стојанче Стоилов (ракомет), Евгениј Поп Ацев (далечинско пливање), Берат Јакупи (карате), Енис Барди (фудбал), Димитар Ѓорѓиев (бокс).
За „Спортистка на годината“ номинирани се: Сара Ристовска (ракомет), Јована Ѓорѓиева (карате), Нина Балабан (стрелаштво), АНастасија Богдановски (пливање), Анџелика Митрашновиќ (кошарка).
Покрај овие ќе бидат доделени и признанија уште во седум категории за кои се номинирани:
Млад спортист на годината: Петар Заборски – карате, Елиф Елмас – фудбал и Филип Кузмановски – ракомет.
Млада спортистка на годината: Сара Радичевска и Симона Симовска – карате, Берна Шерифовска – џудо.
Најуспешен машки национален тим: Ракометен национален тим У-21, Фудбалскиот национален тим У-21, Одбојкарскиот национален тим сениори.
Најуспешен женски национален тим: Кошаркарски национален тим – сениорки, Ракометен национален тим – кадети, Штафетниот тим во атлетика (Тимчевска, Јосифовска, Халили и Селими).
Најуспешен спортист на лице со инвалидитет: Андреј Стојаноски – пливање (4.место во дисциплината 400м. мешано на 23-ти Летни Олимписки игри за глуви во Самсун, Турција)
Најуспешен тренер/селектор: Петар Белистојаноски – карате, Раул Гонзалес – ракомет мажи, Драган Атанасовски – кик-бокс, Игор Ангеловски – фудбал Марјан Лазовски – кошарка жени .
Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија, Карате федерација на Македонија, Фудбалска федерација на Македонија, Кик-боксинг федерација на Македонија и Одбојкарска федерација на Македонија