ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА: Членови на ДИК не се откажуваат од патни трошоци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Освен плата и бонуси, дел од членовите на ДИК добиваат и огромни суми за патни трошоци затоа што наместо службени возила, ги користат сопствените за што се исплаќаат поголеми износи, јавува ТВ 24вести.

Силвана Бонева, како член на ДИК, за првите шест месеци од годинава добила 12.000 евра за патни трошоци. По ист основ, доби уште 12.000 евра за првите шест месеци од минатата година. Но, лани, кога информацијата беше обелоденета, Бонева се откажа барањата за исплата на патни трошоци за следните неколку месеци од втората почовина на годината, а потоа до крајот на годината прикажуваше многу помали трошоци за пат. Сепак, од почетокот на годинава повторно се исплатени огромни суми. Пресметките покажуваат дека Бонева за две години, колку што е во ДИК само за патни трошоци, земала 24.000 евра. Тука е и платата која за две години изнесува 24 илјади евра. Ако на ова се додаде „бонусот“ од околу 12.000 евра – вкупната сума што ја добила како член на ДИК, по сите основи е 60 илјади евра.

ПАТНИ ТРОШОЦИ – минимум 24.000 евра

Јануари – Јуни 2017 12.000 евра

Јануари – Јуни 2016 12.000 евра

Јули – Декември 2016 ?

ВКУПНИ ПРИМАЊА – 60.000 евра

Патни трошоци 24.000 евра

Плата 24.000 евра

Бонуси 12.000 евра

Нејзиниот колега Атанас Урумов, кој доаѓа од Гевгелија, за првите шест месеци од годината добил патни трошоци во износ од 11.500 евра. Лани, во истиот период добил уште 3.000 евра. Нема податок, колку добил во втората половина од минатата година. Тука се и дополнителните „бонуси“ од 12.000 евра, како и платата, што за две години изнеусва 24.000 евра. Тоа значи дека Урумов за две години како член на ДИК добил, околу 50.500 евра.

ПАТНИ ТРОШОЦИ – минимум 14.500 евра

Јануари – Јуни 2017 11.500 евра

Јануари – Јуни 2016 3.000 евра

Јули – Декември 2016 ?

ВКУПНИ ПРИМАЊА 50.500 евра

Патни трошоци 14.500 евра

Бонуси 12.000 евра

Плата 24.000 евра

Сега веќе поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, за првите шест месеци од годината, добил 5 илјади евра за патни трошоци, а лани за првите шест месеци добил 3.000 евра. Што значи 8.000 евра само за патни трошоци, по 1.000 евра плата за месеците додека беше во ДИК, и дел од бонусите тп си ги доделила комисијата.


ПАТНИ ТРОШОЦИ

Јануари – Јуни 2017 5.000 евра

Јануари – Јуни 2016 3.000 евра

Плата + бонуси за месеците додека беше во ДИК

За разлика од Бонева, Урумов и Бедредин кои ги користат сопствните возила, за што добиваат огромни суми за патни трошоци, Игор Милев, Реџеп Прекопуца и Александар Чичаковски – добиваат пари за гориво за службени возила. Со тоа, тие прават и драстично помал трошок на Државната изборна комисија. И тоа Милев и Прекопуца од околу 1.000 евра за шест месеци, а Чичаковски 130 евра за шест месеци. Најмногу трошоци за гориво потрошил Субхи Јакупи и тоа околу 2.800 евра за шест месеци. Додека Дума и Срцев, немаат никаков дополнителен трошок од она што им се пресметува како плата.

Според информациите на Телевзија 24, иако на сите членови на ДИК им било понудено да користат службени возила, за што ќе добиваат одредена сума за трошоци за бензин, тоа не го прифатиле сите, па затоа и има такви драстични разлики во сумите за патни трошоци, каде некои за шест месеци добиле 12.000 а некои 1.000 евра. Останува отворено прашањето, дали институциите ќе ги исконтролираат прикажаните фискални сметки врз основа на кои се исплатени патните трошоци. А истиот проблем со патни трошоци се провлекува и во Собранието, но сеуште нема конкретна најава кога пратениците ќе решат да го сменат законот, како што ветија.