Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Група на реставратори откриле некој вид на временска капсула во задниот дел од дрвената статуа на Исус Христос од 18 век од црквата „Санта Агуеде“ во шпанскиот град Сортиљо де ла Рибери.
Конзерваторите сметаат дека документот е намерно напишан за да биде ставен во скултурата и оставен како „временска капсула“ за идните генерации.
Случајно било откриено дека задниот дел од статуата може да се отстрани и дека во неа се наоѓа ракопис од 1777 година, кој го потпишал Хоакин Мингез, кој работел во Катедралата Бурго де Осма.
На два листа хартија, од двете сттрани, Мингез го опишува животот во Шпанија кон крајот на 18 век. Тој пишува за жетвата на пченица, ‘рж, јачмен и овес и производството на вино во тој регион. Како најголема закана ги наведува маларијата и тифусот и ги опишува најпопуларните игри со кои луѓето тогаш се забавувале.
Авторот на ракописот ги споменува и шпанската инквизиција и кралот Карлос Трети, а изнесува и пофалби за авторот на скултурата Мануел Бала.