Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После тоа што посетила естетски хирург дури 30 пати, 22 годишната Бери од Хонг Конг на социјалните мрежи ја раскажа својата приказна за да ги предупреди другите жени да не се оперираат од банални причини.
Нејзината причина за естетска хирургија била лошата врска, односно нејзиниот дечко кој секогаш го критикувал нејзиниот изглед и ја навредувал.
Тој бил девет години постар, а ја навредувал и за време на сексот. Понекогаш додека се сексале гледал порно филмови и им се восхитувал на актерките.
„Моето самопочитување го допре дното, комплетно го променив изгледот на лицето, од устата до челото, но сеедно, тој никогаш не беше задоволен. Се восхитуваше и на големи гради додека ги гледаше порно глумиците. Позајмив пари и за тоа, само тој да биде задоволен“, рече таа.
Кога мајка и ја видела после зголемувањето на градите се расплакала, а тоа на Бери и ги отворило очите.
„Кога ја видов како плаче, собрав сила и ја прекинав врската. Некогаш да ми речеше „прекрасна си“ ќе престанев со се“ рече Бери.
Денес жали за своето природно лице кое го имала пред сите операции.