Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За аукцијата на која е понудено целото населено место во Бранденбург, Германија, беа упатени над 40 барања, пренесува агенцијата.
Алвин, населбата со селски амбиент, би требало да биде продадена во сабота, а почетната цена во наддавањето е 125.000 евра.
Водачот на аукциската куќа Кархаузен во Берлин вели дека аукцијата нуди шанса за поволно стекнување со имот.
Купувачот ќе стане сопственик на терен од 16.000 квадратни метри површина среде шума, која вклучува и голем број станбени објекти, се вели во соопштението.
Населбата ја наследиле двајца браќа после обединувањето на двете Германии, а се продава откако еден од нив починал.