Три недели секој ден пиела четири литри вода – еве зошто никогаш нема да го повтори тоа

вода

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новинарката од порталот Popsugar некаде чула или прочитала дека пиењето четири литри вода на дневна основа има многу позитивен ефект, па одлучи да се обиде и да види што ќе се случи.

Џени чула дека кожата со дневното консумирање на толкаво количество вода станува посјајна, но сакала да види дали водата ќе биде од помош во скротување на апетитот при слабеењето и симнувањето килограми.

Пред да почне да експериментира, пиела околу еден литар вода дневно, така што оваа промена била прилично драстична за неа. На почетокот, планирала да го практикува тоа еден месец, но набрзо сфатила дека таа пракса не е толку едноставна, па рокот си го намалила на три недели.

„Беше многу потешко отколку што очекував. Првата недела целосно заборавав да пијам вода наутро. После утринскиот тренинг, пиев околу половина литар вода, па уште толку околу ручек. Но, навечер сфаќав дека ми останало за пиење многу вода за тој ден, па на два часа пред спиење испивав повеќе од два литри вода. Поради тоа добив грчеви во желудникот, а морав и да мокрам четири пати во текот на ноќта. Не ми помогнаа ниту потсетниците на мобилниот, само ги игнорирав“, пишува Џени, додавајќи дека пиењето вода за неа станало работа во која воопшто не уживала.

„Но, се обврзав на три недели и иако пиењето толку вода не ми доаѓаше природно, доживеав некои прекрасни работи“, продолжува таа, потенцирајќи ги четирите нешта кои ги искусила после третата недела пиење по четири литри вода дневно.

Кожа

„Кожата не ми беше сјајна, како што гледате од фотографиите. Се борев со акните цел живот. Но, после третата недела со таков режим на пиење вода, дефинитивно забележав дека кожата ми се исчисти. Иако на секои неколку дена јадев благо, проблематичниот дел од лицето ми се исчисти, дури и за време на менструацијата. Тоа беше прилично неверојатно и ме инспирираше да се држам до режимот“.

Пред експериментот

Подуеност

Џени претходно имала проблеми со подуеноста, главно поради шеќерот кој го обожава. „Имав грчеви и се чувствува подуена, но оваа количина на вода ми помогна во проблемите со варењето“, тврди.

Контола на апетитот

„Експертите се во право кога тврдат дека пиењето многу вода го анулира апетитот“, вели Џени. „Сфатив дека често не бев гладна како што мислев, туку бев жедна. Поради внесувањето на големото количество вода, престанав со ситните ноќни оброци“.

Мокрење

И пред експериментот, во текот на работниот ден, Џени морала да оди по мала нужда и до осум пати на ден, поради што мокрењето за неа претставувало голем проблем. „Ова беше најлошиот несакан ефект со пиењето толку вода, но, тоа беше за очекување. Поради тоа ми беше тешко да го напуштам домот, бидејќи дури и ако сум била во WC, ќе морав да одам повторно за триесетина минути. Таква казна во текот на денот воопшто не е забавна“, објаснува Џени.

„Попатно, тоа што бев супер хидрирана спречи било каков запек. Немав никакви проблеми во врска со тоа прашање, поради што експериментот се исплатеше“.

Заклучок

„Дали уште пијам четири литри вода дневно? Нема шанси! Лично, тоа е премногу за мене, но бидејќи ги сакам предностите кои ги нуди тоа, пијам многу вода, речиси двојно повеќе отколку што пиев пред експериментот. Уште ги користам предностите, но без милиони пати одење во ве-це дневно“, заклучува таа.