Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Популарната пејачка Ферги се бори да ги надмине негативните емоции после разводот од Џош Дахамел, со кој беа во брак осум години.
Во интервју за Daily Mail пејачката открива колку ѝ е тешко и како се изборила против зависноста од метамфетамин.
„Кога бев на дното страдав од хемиски индуцирана психоза и деменција, халуцинирав на дневна основа. Требаше да помине една година откако престанав да земам дрога, за хемијата да прекине да нанесува штета на мојот мозок и тогаш престанав да халуцинирам“, вели Ферги.
Додаде дека знаела да седи на едно место, затворена во некоја просторија и да гледа зајаци или пчели. На почетокот сето тоа било забавно, но потоа почнало да излегува од контрола.
„Денот кога престана да ми биде забавно е денот кога мојата сила, вера и надеж во нешто подобро“, вели пејачката.
Моментално го промовира својот прв соло албум, Double Dutchess и многу работи. Ги негира шпекулациите дека ја напуштила групата The Black Eyed Peas.
„Моментално сме на одмор. Ние сме семејство и така ќе биде засекогаш. Би сакала да можев да снимам и свој соло албум и албум со нив, да ги промовирам и да имам уште едно дете. Но, немам доволно часови во денот за тоа“, заклучува Ферги.