13 досега необјавени песни од Џими Хендрикс на нов албум од гитарската рок легенда


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Песни кои гитарскиот гуру Џими Хендрикс ги снимил во периодот помеѓу 1968 и 1970 година, а не стигнале до ушите на обожавателите и јавноста, ќе бидат објавени следната година на нов албум кој ќе биде издаден во март.

Од Experience Hendrix и Legacy Recordings најавија дека албумот на Хендрикс „Both Sides of the Sky“ ќе биде објавен на 9 март 2018 година.

На албумот се наоѓаат 13 композиции, а во нив се и 10 кои никогаш порано не биле објавени.

Џими Хендрикс почина во 1970 година на само 27 годишна возраст. Новиот албум е трет дел од трилогијата од архивата на херојот на гитарската музика.

„Valleys of Neptune“ беше издаден во 2010 година, а „People, Hell and Angels“, во 2013 година.

Еди Крамер, кој работел како инженер на звукот на секој албум кој Хендрикс го снимил во текот на својот живот, во едно интервју изјавил дека 1969 година била многу експериментална година за Хендрикс.

„Прво ја ставате касетата и слушате, а потoа почнувате да се ежите од глава до пети. Потоа помислувате, о Боже ова е премногу“, вели Крамер.

Многу песни од новиот албум ги снимила групата „Band of Gypsys“, во која покрај Хендрикс биле и Бади Мајлс и Били Кокс. Стивен Стилс свири во две песни – „$20 Finе“ и „Woodstock“.

Крамер нагласи и дека постојат и снимки од настапи на Хендрикс и аудио и видео, кои исто така планираат да ги објават.